| четврток, 6 декември 2018 |

Познат фудбалер понижен во автобус: Влезe да се пресметува со возачот, па веднаш зажали и избега

Контроверзниот турски репрезентативен напаѓач Бурак Јилмаз повторно се најде во незгодна ситуација и тоа во центарот на Истанбул. Фудбалерот кој сега настапува во Кина удри во вратата на еден автобус кој минуваше по улицата, а возачот веднаш застана.

Кога ја отвори предната врата на автобусот, Јилмаз влезе да се расправа со возачот, но кога овој извади палка од под седиштето, Бурак веднаш избега надвор каде продолжи да беснее.

– Не го познав кој е и тргнав да го удрам, искрено изјавил возачот.

Инаку Јилмаз пред европското првенство беше изоставен од турската репрезентација поради обвиненијата дека ја тепал својата трудна сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top