| четврток, 6 декември 2018 |

Спарс доминантни во првиот меч на финалето на западот

Сан Антонио во првиот натпревар на финалето на западот им одржа лекција на Мемфис за лесна победа на Спарс во режија на сјајниот Тони Паркер

На почетокот на натпреварот Сан Антонио беа незапирливи, нивната предност константно растеше. Пред крајот на втората четвртина Спарс водеа со 20 поени разлика, но Мемфис успеа да намали на -14 пред полувремето.

Memphis Grizzlies v San Antonio Spurs - Game One

Гризлис не успеа да најде решение за Паркер, никако не можеа да го сопрат, а тој го заврши натпреварот со 20 поени и 9 асистенции. Зек Рандолф првото полувреме го помина без ниту еден поен, а до крај на натпреварот постигна само два поена. Гасол постигна 15 поени, но гостите имаа многу слаб шут, а примија премногу кошеви.

san antonio

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top