Со свечена литургија и внесување на иконата од светиот митрополит Петар Втори Цетињски, 19 мај е востановен како датум за празнување на Петар Петровиќ Његош како светител, на ниво на Црногорско-приморската митрополија.
Службата ја водеше архиепископот цетински црногорско-приморски Амфилохие, кој кажа дека на својата прва икона митрополитот Петар Петровиќ Његош со право е наречен ловќенски тајновидец зашто навистина бил тајновидец.
Во текот на литургијата иконата на светиот митрополит Петар Втори е поставена на иконостасот во црквата на Цетинскиот манастир, каде што се наоѓа и ликот на светиот Петар Цетински.
Његош е претставен со архиерејска одежда. Во десната рака ја држи ловќенската црква на свети Петар Цетински, а во левата свиток со стихови посветени на Христос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
Денеска е Св. Елисеј: Сите жени кои го имаат овој проблем, задолжително да го направат ова…
-
На денешниот празник задолжително се јаде риба, а пред спиење покрај креветот се остава ова!



