Долниот дом на рускиот парламент повика на заострување на безбедносните мерки за руските дипломати во странство по убиството на амбасадорот во Турција. Државната Дума изгласа резолуција со која се осудува убиството на Карлов и повика да се преземат додатни мерки за безбедност за амбасадорите.
Рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов беше убиен во понеделникот вечерта од поранешен турски полицаец, кој пред чинот извика „Алах Акбар“ и Не го заборавајте Алепо, не ја заборавајте Сирија“.
Русија и Турција формираа заедничка комисија за истрага на убиството, за што во Турција допатуваа 18-члена делегација која ќе учествува во истрагата. Официјална Москва и Анкара соопштија дека убиството нема да влијае на билатералните односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги