Светскиот тениски рекет број еден, Британецот Енди Мареј, по трет пат е именуван за спортска личност на годината во избор на Би – Би – Си.
На свечената церемонија Мареј прво се заблагодари на својот тим и поддршката која ја има во текот на целата сезона.
Му се заблагодарувам на мојот тим. Тие се жртвуваат за мојот успех. Голем дел од времето го поминуваат одвоени од своите сакани за да бидат со мене. Тоа е голема поддршка за мене. Се заблагодарувам на својата фамилија, мајка ми која постојано е во публиката, како и татко ми кој повторно се ожени пред десетина дена. Честитки и до сите спортисти кои се номинирани за наградите. Ова беше неверојатна година за британскиот спорт и јас сум горд што сум дел тоа, изјави Мареј.
Но, Британецот ги шокираше присутните со изјавата дека својата сопруга Ким Сирс не гласала за него во овој избор на спортисти на годината.
Ќе морам со сопругата да расчистам некои работи. Еден час пред почетокот на церемонијата Ким ми кажа дека гласала за Ник Скелтон (познат велосипедист, кој со 58 години освои медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро). Ова не е паметен потег од неа во момент кога доаѓаат божиќните празници, додаде првиот светски рекет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)