Членови на семејството и многу пријатели се собраа синоќа во вилата на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ, за да ја прослават домашната слава Свети Никола.
Бројните гости требало удобно да се сместат, па пејачката одлучила за прв пат по убиството на нејзиниот сопруг, Жељко Ражнатовиќ – Аркан, да го отвори бифето кое до неодамна беше затворено. Така, бројните и видни гости беа сместени во бифето на Аркан, кое се наоѓа во рамките на вилата каде што семејството живее. Во оваа просторија покојниот Аркан во минатото често знаел да собира пријатели и роднини, а Цеца неодамна ја реновирала.
За време на вчерашната прослава, во еден момент од вилата излегол и Вељко, синот на Цеца, кој одвоил неколку минути за да даде изјава за медиумите.
– За подготовките на славата главно е задолжена мајка ми. Анастасија не работи многу бидејќи таа е нашата принцеза, па затоа ја чуваме и негуваме. Да се преземе семејната слава е голема одговорност и пред сè чест – изјавил младиот Ражнатовиќ за новинарите.
Imamo mi svojih problema. @stevan_radivojevic 🙄👋🏻😂
A video posted by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovicanastasija) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)