| четврток, 6 декември 2018 |

Ладнокрвно се шеташе пред да го усмрти со 8 куршуми – ново потресно видео од убиството на амбасадорот

На социјалните мрежи објавена е нова снимка од убиството на рускиот амбасадор во Анкара на кое се гледа дека атентаторот ладнокрвно стоел и чекал погоден момент.

Ова видео покажува дека Мевут Мерт Алтинтас (22) мирно стоел зад амбасадорот, за да малку подоцна се помести на страна. Тогаш го извадил пиштолот и пукал во грбот на Андреј Карлов.

Откако пукал неколку пати извикувал „Алах акбар! Не заборавете го Алепо! Не заборавајте ја Сирија! Само смртта ќе ме отстрани оттука! Секој кој учествува во оваа репресија ќе плати!“.

Погледнете го потресното видео:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top