| четврток, 6 декември 2018 |

Со фудбалскиот великан Сараево ќе управува Македонец

Босанскиот фудбалски гигант Сараево бираше ново раководство, а шанса да биде претседател доби Македонец. Довербата ја доби Валентин Илиевски, бизнисмен и генерален директор на компанијата „Месер БХ Гас“, кој не важеше за фаворит, но сепак, ги доби гласовите на делегатите.

– Чест е да се биде претседател на еден познат фудбалски клуб кој е регионално препознатлив и кој го градел своето име на традиција долга 70 години. Сакам со мојата работа да допринесам во Сараево, но и во целиот фудбал. Голема благодарност до делегатите за дадената доверба – изјави Илиевски по изборот.

Покрај претседател, на собранието Сараево бираше и одбор на директори, во кој влегоа Ален Хујиќ и Сабрина Буљубашиќ.

Илиевски е роден во Куманово во 1968 година, но поголемиот дел од својот живот го минал во Германија каде се школувал, завршил високо образование и почнал со бизнисите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top