| четврток, 6 декември 2018 |

Уцени, закани и притисоци врз новинарите и телевизијата Телеканал А1 во Струмица

Регионалната телевизија Телеканал А1 со седиште во Струмица во вчерашниот информативен блок информираше за уцени и закани кои стигнувале на адреса на телевизијата како правен субјект, но и на адреса на дел од вработените. Како што инфомрираат оттаму веќе подолго време се соочуваат со омаловажување од страна на правни субјекти и групи кои немаат храборост да зборуваат лично и јавно туку наоѓаат различни начини да извршат притисок со тенденција да влијаат врз уредувачката политика преку закани и уцена.

Можеме да ги занемариме физичките закани упатени кон нас лично или како новинарски тим бидејќи секој новинар треба да биде подготвен на негодување полно со нечии емоции, но неможеме да ги игнорираме и нападите кон телевизијата како правен субјект.

10341608_1588794084683210_1776398236341979375_n-2Имено, Телеканал А1 работи согласно уставот на РМ и законските норми и согласно сите правилници на агенцијата за медиуми , легално ја имаме добиено лиценцата за работа и како и секој правен субјект се трудиме да понудиме квалитет и програма на медиумскиот пазар.Согласно сите извештаи од сите релевантни институции и субјекти на соработка немаме никаква забелешка за нашето работење и подготвени сме да прифатиме и добронамерни совети, велат од Телеканал А1.

Тие случајот веќе го пријавиле во полиција, а информираат дека во наредните денови ќе ги известат и политичките партии и одредени дипломатско конзуларни претставништва на странски држави во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top