| четврток, 6 декември 2018 |

Металург се засили со Иранец на бековските позиции

amir-jusefinedzad

Македонскиот ракометен вицешампион и редовен учесник во Лигата на шампионите екипата на Металург, донесе нов ракометар во своите редови.

Се работи за Иранецот Амин Јусефинеџад, кој доаѓа од екипата на Шахрдари од Кашан, иранскиот вицешампион. Јусефинеџад (20) е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позицијата лев бек, а со Металург потпиша три и пол годишен договор кој ќе трае до 30 јуни, 2020 година.

– Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот – изјави Јусефинеџад за клупската интернет-страница на Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top