Чикаго во моментов е еднo од најстудените места на планетата. Постудено е дури и од Марс. Според НАСА, температурата во близина на роверот „Curiosity“ на Марс е минус 2 Целзиусови степени. Во Чикаго во 9 изутрина во понеделникот беа измерени минус 21 Целзиусов степен проследени со ладен ветар од минус 29 степени.
Градот речиси го сруши рекордот за најниска температура, но не успеа за 1 степен по Фаренхајт во споредба меѓународниот аеродром О’Хара во 1983 година.
Но, во текот на ноќта во Чикаго беше постудено отколку на Јужниот Пол, Антарктикот, каде беа измерени минус 24 степени.
На само неколку места на Земјата во моментов е поладно од Чикаго. Северниот Пол е на минус 28 степени, а во Сибир, домот на најстудениот град во светот, во моментов е на минус 35 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви
-
По успешното претставување во Чикаго: „Континуум“ на Игор Јосифов продолжува за Сан Франциско
-
Бостон со трета победа во низа стигна до меч топка против Чикаго, Вашингтон на чекор од полуфинале (видео)