Градската куќа под Кале ќе биде готова и в година. Ако се суди по нацрт-буџетот за 2017 година, може да се очекува администрацијата на Град Скопје идната година да се пресели од старите бараки во Градски парк. Надлежните планираат в година да потрошат околу 2,6 милиони евра за објектот, што, според познавачите е доволна сума за опремување на внатрешноста. А, токму тој дел од новата градска куќа треба да се заврши.
Фасадата е веќе готова и остануваат уште другите градежни активности за внатрешниот дел. Од Градот велат дека изведбата на целиот проект се одвива во рамки на планираното.
„Досега е завршена карабината и фасадата на објектот, а ќе се започне со извршување на останатите градежни активности. Дополнителни финансиски зафаќања за изградба и опремување ќе нема и се планира сите работи да се завршат во рамки на предвидениот буџет што беше најавен на почетокот на изградбата“, велат од Град Скопје.
Градските власти во неколку наврати во изминатиов период признаа дека овој проект не им е приоритет, а истовремено и дека поради немање пари, пробиен е рокот за изградба на објектот. Тој требаше да биде готов пред година и пол.
Проектот предвидува новиот репрезентативен објект во барокен стил да има работен простор за 650 лица и да биде на шест надземни и три подземни нивоа. Предвидено е администрацијата да се смести во океански простории распоредени од првиот до четвртиот кат. На петтиот кат се планирани канцеларии за кабинетот на градоначалникот на Скопје и за секретарот на Градот, како и сала за Советот и неговиот претседател.
На приземјето, пак, ќе се наоѓа архивата, како и други простории наменети за директните корисници на услугите на Град Скопје. Во подземните нивоа е планиран паркинг со капацитет за 170 возила. Главниот пристап до зградата ќе биде од новопроектираната улица која ќе води по кејот на реката Вардар, а влез во објектот ќе биде обезбеден и од страната на улицата „Лазар Личеноски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата