| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамовски се сели во Љубљана, ќе биде соиграч со Бабунски

daniel-avramovski

Македонскиот младински репрезентативец, Даниел Аврамовски, конечно ќе може да се надева на поголема минутажа. Нашиот талент ја напушти Црвена Звезда и потпиша договор со словенечка Олимпија Љубљана.

Аврамовски немаше третман на првотимец во српскиот првак и реши да си замине, за доброто на неговата кариера. Во словенечкиот гигант тој нема да биде сам, затоа што таму е и Дориан Бабунски, напаѓачот кој пред извесен период се пресели во Словенија. Фудбалерот од средниот ред веќе ги минал медицинските прегледи во Љубљана и со Олимпија потпишал тригодишен договор.

Македонскиот фудбалер во Црвена Звезда за две години одигра само 12 меча, на кои постигна еден гол. Еден од „моторите“ на У21 репрезентацијата која се пласира на ЕП покрај за белградскиот колектив во кариерата настапуваше за Работнички, Македонија ЃП како и ОФК Белград каде играше како позајмен играч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top