Босанскиот фудбалерот од средниот ред на на Јувентус, Миралем Пјаниќ веројатно ќе го пропушти финалето на Суперкупот на Италија поради повредата заради која беше заменет во 51. минута од дербито против Рома во саботата.
Природата на повредата ќе се знае попладнево, но владее песимизам околу негово навремено заздравување и веројатно Пјаниќ на терените ќе се врати по нова година.
Јувентус в петок против Милан во Доха ќе се обиде да ја одбрани титулата од Суперкупот на Италија, трофеј кој веќе втора сезона по ред се игра сред сезона, а третпат домаќин е катарскиот главен град.
Марко Стураро е фудбалерот кој најверојатно ќе го замени Пјаниќ во стартниот тим на шампионот на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.