Ливерпул го победи Евертон со 0-1 во едно од најголемите градски дерби натпревари, одигран синоќа на „Гудисон Парк“ во рамките на 17.коло од Англиското фудбалско првенство.
Стрелец на победничкиот гол за „Црвените од Енфилд“ беше сенегалскиот интернационалец Садио Мане во четвртата минута од судиското надополнување.
По овој триумф Ливерпул се искачи на втората позиција на табелата (37 бодови) со шест бода заостанување зад лидерот Челзи кој има 43 бода.
Поради Божик во Англија нема да се игра фудбал претстојниот викенд, туку по традиција премиерлигашите нова рунда ќе почнат на 26 декември која ќе трае до 28 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.