| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел по нападот во Берлин: Жалиме за загинатите

Германската канцеларка Ангела Меркел жали за загинатите кои вечерва го загубија животото откако камион  удри во толпата на Божиќен пазар во центарот на Берлин. Ова беше соопштено од нејзиниот прес-секретар Шцефен Зајберт.
– Жалиме за загинатите и се надеваме дека на многумината кои беа повредени ќе може да им се помогне – изјави Зајберт.
Полицијата соопшти дека 50 лица се повредени, од кои четворица сериозно.Истовремено, според податоците на националниот дневен весник “Де Велт“ веќе неколку дена наваму имало индикации за можен напад на традиционалниот божиќен базар во федералната престолнина на Германија.

Изданието сепак не доведува поконкретни информации околу пораката.

Берлинскиот градоначалник Михаел Милер увери дека ситуацијата во главниот град на СРГ останува под контрола по нападот на една од најпрометните и популарни улици во градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top