Повеќе од 60 отсто од свињите во Данска се заразени со бактеријата ЛА-МРСА, но на купувачите во странство ништо не им се соопштува, пренесуваат медиумите.
Секој ден 35 илјади свињи се пренесуваат со камиони од Данска во Германија и понатаму кон другите земји во Европа. Повеќе од две третини од нив веројатно се преносители на бактеријата МРСА која се поврзува со стоката Ла-МРСА.
Може да премине на луѓе кои работат со стоката, но и на оние кои ракуваат со заразено месо, пишува данскиот новинар Кјелд Хансен за „ЕУобсервер“.
Болеста е отпорна на човечка медицина, а многумина може да бидат преносители на болеста, а да не се разболат.
Бактеријата предизвикува инфекции, посебно кај веќе болните луѓе.
Данска секоја година извезува околу 13 милиони живи свињи во Германија и Полска. Данскиот извоз сочинува 57 отсто од вкупниот извоз во земјите во ЕУ и поради тоа е главен извор на ширење на зараза во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
МОН: Случајот во ОУ „Владо Тасевски“ е изолиран, во училиштето нема зараза
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)