Популарните Влатко Илиевски и Викторија Лоба деновиве снимија заедничка песна. Станува збор за темата „Во парк“, која некогаш со многу голем успех ја изведуваше групата „Студени нозе“, објави „mmm.com.mk“.
Како оригиналот, така и римејкот на песната „Во парк“ го потпишува Кристијан Габроски. Влатко на МММ ја најави и брзата реализација на видеозаписот.
Песната на Влатко и Лоба можете да ја преземете бесплатно ТУКА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.