| четврток, 6 декември 2018 |

Извршен атентат врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов им подлегна на повредите здобиени во напад со огнено оружје извршен денеска за време на отворање изложба на слики во Анкара, објави „Индепендент“.

Уште три лица биле ранети во нападот со огнено оружје врз рускиот амбасадор во Анкара, јавија турски медиуми.

Во зградата каде е изложбениот салон се уште трае пукотницата, јави Си-Ен-Ен Турк.

>

Турски специјалци го опколиле зградата. На местото на инцидентот пристигнал и министерот за внатрешнир аботи Сулејман Сојлу.

Според Си-Ен-Ен Турк, напаѓачот влегол во зградата откако покажал полициска легитимација. Дел од медиумите во Турција јавуваат и дека напаѓачот е член на обезбедувањето на амбасадорот .

Амбасадорот Андреј Карлов бил назначен во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top