| четврток, 6 декември 2018 |

Почина писателот Трајче Крстески

Во 66-тата година од животот во Прилеп почина писателот Трајче Крстески, раскажувач, романсиер, поет и драмски автор, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, каде што Крстески членувал од 1980 година.

133491605

Трајче Крстески е роден во 1950 година во Прилеп. Работел како новинар, издавач и уредник на литературното списание „Стремеж“. Автор е на дваесетина книги, меѓу кои на романите „Арлекин со празни раце“, „Ослободен човек“, „Лов“, „Силјан повторно лета“ и на драмата „Пресуда“.

За своето литературно творештво Крстески беше добитник на наградите „Нарциса“ и „Мисла“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top