| четврток, 6 декември 2018 |

Нојер самокритичен: Ова не е вистинскиот Баерн

manuel-nojer

Малкумина веруваа дека главниот конкурент во борбата за титулата во Бундеслигата на актуелниот шампион Баерн Минхен ќе му биде РБ Лајпциг. Клубот кој е формиран пред само седум години експресно ги помина послабите лиги во Германија и од оваа сезона се натпреварува против најдобрите. Во моментов, Баерн Минхен и Лајпциг се на делба на првото емсто на табелата, а лошиот пристап кон играта на вчерашниот натпревар против Дармштад не му се допаѓа на голманот на баварците, Мануел Нојер.

– Ни олесна тоа што успеавме да освоиме три важни бодови, но со оглед на тоа како игравме во првото полувреме – ова не е Баерн. Немаше брзина, леснотија во додавањата и воопшто нашата игра не личеше на нас. Лајпциг е заслужено на врвот, но не верувам дека во наредните три или четири сезони ќе успее да го направи она што Борусија Дортмунд го правеше кога беше во криза. Лајпциг игра чесно, но сепак „милионерите“ се нашиот главен ривал – истакна Мануел Нојер не прифаќајќи ги фудбалерите од Лајпциг како вистинска конкуренција.

За два дена, овие два тима ќе си ги одмерат силите во меѓусебен дуел на „Алијанц арената“ која ќе го одлучи и есенскиот шампион во Бундеслигата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top