Најдобриот германски голман, Мануел Нојер закрепнува од повредата и се очекува во април да се врати на голот на Баерн Минхен. Репрезентативниот чувар на мрежата поради повреда на стапалото веќе со месеци е надвор од фудбалските терени, а тренерот на Баварците, Јуп Хајнкес соопшти дека во моментов Нојер 80 отсто е подготвен.
– Големи се шансите тој да се врати во април, но ние нема да брзаме со него и да го притискаме да го направи тоа. Во консултација со медицинскиот тим ќе одлучиме за враќањето, информира Хајнкес.
Враќањето на Нојер со нетрпение го очекува и германскиот селектор Јоаким Лев кој ќе го предводи актуелниот светски првак на Мундијалот во Русија претстојното лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.