| четврток, 6 декември 2018 |

Пред шест години Пандев беше стрелец за Интер и стана светски шампион (видео)

goran-pandev

На денешен ден, пред точно шест години, нашиот Горан Пандев го постигна првиот од трите гола со кои Интер ја освои титулата на Светското клупско првенство во Абу Даби. Предводени од Рафаел Бенитез, „нероазурите“ ја победија екипата на Мазембе од Конго.

Пандев го отвори резултатот во 13. минута по одличната асистенција на Самуел Ето, кој се погрижи за вториот гол. Конечните 3-0 ги постави Биабијани, кој влезе од клупата за резерви во последните моменти од натпреварот.

Пандев беше дел од најуспешната сезона на екипата од Милано освојувајќи четири титули. Покрај Светското клупско првенство, ја освои титулата во Серија А, италијанскиот Куп и Лигата на Шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top