Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски беше херој на екипата на Палермо во вчерашната победа над Џенова. Тој немаше одиграно натпревар неколку месеци поради повреда, а во дебито во новата сезона донесе голема победа за екипата од Сицилија.
Италијанските медиуми го слават неговото име, а тој ги поздрави навивачите со порака на „Инстаграм“:
„Важна победа. Напред Палермо“
Во победата значјна улога имаше и вториот Македонец во Палермо, Илија Несторовски, кој беше асистент на победничкиот гол во продолжението од натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.