Еден од најтрофејните клубови во последните десетина години, Сан Антонио Спарс рутински го совлада Њу Орлеанс со 113-100, а триумфот му го спосвети на Тим Данкан. Легендите на „мамузите“ Дејвид Робинсон, Шон Елиот, Брус Бовен, Малик Роуз и Антонио Дениелс на церемонија го поздравија и повлекувањето на дресот на Данкан.
21-та на Сан Антонио е повлечена од употреба, а преку 15.000 гледачи со минути ракоплескаа по извршувањето на чинот.
Данкан постигна 26.496 поени во 19 сезони колку што го носеше дресот на Сан Антонио. Освои пет шампионски трофеи во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година, двапати беше прогласен за МВП (2002 и 2003 година) и е најуспешен кошаркар на Сан Антонио во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)