| четврток, 6 декември 2018 |

Супербогати и дарежливи – 20 најголеми филантропи во светот

Американскиот филантроп Ендрју Карнеги еднаш рекол: „Никој не може да стане богат без да збогати други луѓе. Човек кој ќе умре богат умира посрамен“. Многу успешни бизнисмени во еден момент од својот живот размислуваат да споделуваат и да враќаат во нивните заедници, и да се вклучат во филантропија. Некои велат дека е тоа далеку од дарежливост, а некои мислат дека е тоа заради даночни причини. Како и да е, пари кои ќе се потрошат за хуманитарни цели се потребни и во извесна смисла имаат влијание врз нечиј живот. Следниве бизнисмени веруваат дека добродетелството е грижа. Тие сите заедно донирале околу 106,8 милијарди долари, според истражувањето кое го направи Wealth-X.

20. Дитмар Хоп
Германскиот ИТ претприемач Дитмар Хоп е со-основач на СОП, познатата компанија за софтвер. Преку неговата фондација Dietmar Hopp Syiftung, тој донирал 1 милијарда долари за поддршка на локалното образование, спортот, и за здравствени причини во неговиот роден град во Германија. Неговото лично богатство е проценето на 6,3 милијарди долари.

19. Пјер Омидјар
Пјер Омидјар е француско-ирански-американски бизнисмен и со-основач и актуелен претседател на иБеј. Во 1998 година ја основаше Фондацијата Омидјар заедно со неговата сопруга. Организацијата донирала во повеќе сектори, вклучувајќи претприемништво, храна, технологија и енергија. Во 2015, Омидјар пријавил дека донирал акции од иБеј вредни 270 милиони долари на непозната хуманитарна организација. Досега, тој дал околу една милијарда долари.

18. Мајкл Дел
Претседателот и Главен извршен директор на производителот на компјутери Dell, сака да поддржува образование, социјални и човекови услуги, уметност и култура, и теми поврзани со развој на заедниците. Според Welth-X, неговите досегашни донации достигнале 1,1 милијарда долари. Неговата фондација вети дека ќе донира 25 милиони долари за изградба на болница со 211 легла во Остин, Тексас.

17. Џејмс Симонс
Џејмс Симонс е претседател на Ренесанс текнолоџис, исклучително успешен инвестициски фонд кој поседува имот вреден 65 милијарди долари. Со неговата сопруга Мерилин, ја основале Фондација Симонс, која првенствено поддржува образовни теми. Тие исто основале две други организации во сеќавање на двајцата синови кои починале во 1996 и 2003 година: Фондацијата Пол Симонс и Фондацијата Ник Симонс. Севкупно, брачниот пар Симонс обезбедиле донации во вредност од 1,2 милијарди долари.

16. Тед Тарнер
Сите сме слушнале за американскиот медиумски могул и филантроп Тед Тарнер. Тој е основач на кабловската мрежа Си-Ен-Ен. Во 1997 година, тој донирал една милијарда долари во Организацијата на Обединетите нации за поддршка на цели поврзани со жените, здравјето на децата, животната средина, мирот во светот и за безедноста. Во својот живот, тој донирал 1,2 милијарди долари.

15. Џон Хантсмен постариот
Џон Хантсмен постариот е основач на Хантсмен кемикал корпорејш, најголемиот произведувач на стиропор во САД. Пластичните производи на Хатсмен се користат во многу познати објекти, вклучувајќи ги и трафиките (бургер контејнери) сендвичари. Филантропијата на Хантсмен достигна 1,2 милијарди долари и е фокусирана на области за истражување на канцерот. Тој е потписник на Заветот за давање, кампањата која ја предводат Ворен Бафет и Бил Гејтс, за да се поттикнат најбогатите луѓе да се заложат да дадат најголем дел од своето богатство за филантропски цели.

14. Ли Ка-шинг
Ли Ка-шинг е хонконшки бизнис магнат, инвеститор и филантроп. Тој е еден од најбогатите луѓе во Азија. Фондацијата Ли Ка-шинг поддржува образование, здравство , култура и цели поврзани со заедниците. Ли се смета за еден од најдарежливите филанропи во Азија кој досега донирал 1,2 милијарди долари.

13. Марк Зукерберг
Марк Зукерберг е еден од најмладите самосоздадени милијардери во светот. И основачот на Фејсбук е потписник на Заветот за давање. Тој вети дека додека е жив ќе сподели барем половина од своето богатство. Досега донирал 1,6 милијарда долари. Минатата година, Марк и неговата сопруга Присила донирале 25 милиони долари за борба против еболата.

12. Пол Ален
Пол Ален заедно со Бил Гејтс е со-основач на Мајкрософт, а сега е претседател на Вулкан, приватна инвестициска компанија. Неговата фондација, Пол Г. Ален семејна фондација досега донирала милиони долари во здравствени цели. До денес, тој донирал вкупно две милијарди долари во хуманитарни цели.

11. Мајкл Блумберг
Мајкл Блумберг е основач и Главен извршен директор на Блумберг мидиа, поранешен градоначелник на Њујорк и основач на Фондацијата Блумберг. Неговата фондација обезбедила донации за Универзитетот Џон Хопкинс, Светската фондација за бели дробови, Светската здравствена организација, Фондацијата Сиера клаб, и за Џон Хопкинс Блумберг школата за јавно здравје. Досега донирал три милијарди долари во хуманитарни цели.

10. Џорџ Кајзер
Џорџ Кајзер е Главен извршен директор на Финансиската корпорација БОК. Исто ја основал и Џорџ Кајзер семејната фондација која донира во образованието, здравството, религијата, за цели од социјалниот и општествениот развој. Во 2010 година, тој се придружи на другите потписници на Заветот за давање. Досега, тој донирал 3,3 милијарди долари.

9. Ели Броуд
Ели Броуд е единствениот човек на листата Форчн 500 со две компании од различни дејсности (КБ хоум и СанАмерика). Основал две фондации: Ели и Едит Броуд фондејш и Броуд арт фондејш. Досега, Броуд донирал вкупно 3,3 милијарди долари.

8. Карлос Слим Хелу
Карлос Слим е еден од најбогатите самосоздадени милијардери во светот. Тој е еден од ројцата најбогати луѓе на светот. Преку неколку фондации каде што евклучен, тој досега донирал четири милијарди долари.

7. Гордон Мур
Гордон Мур е со-основач на Интел. Тој се пензионирал од позиции во корпорацијата во 2006 година, а денес со неговата сопруга е активно вклучен во филантропијата. Тие заедно ја водат Гордон и Бети Мур фондејшн, и досега донирале пет милијарди долари во кампањи за поддршка на конзервација на животната средина, во грижа за пациенти и за наука.

6. Сулејман бин Абдул Азиз Ал Раџи
Сулејман бин Абдул Азиз Ал Раџи е со-основач на на Ал Раџи банката во 1957 година заедно со неговите тројца браќа. Банката се издигна во една од најголемите исламски банки во светот. Семејството Ал Раџи се смета за меѓу најмоќните и најбогатите не-кралски семејства во Саудиска Арабија. Во 2011 година, Сулејман бин Абдул Азиз Ал Раџи најави дека ќе донира поголем дел од неговто тогаш проценето богатство вредно 7,7 милијарди долари за хуманитарни цели. Досега тој донирал 5,7 милијарди долари.

5. Чарлс Френсис Фини
Чарлс Френсис Фини често е нарекуван „Џемс Бонд на филантропијата“. Тој го создал своето богатство како со-основач на Дјути фрее шоперс груп. Одлучен да го раздаде сето свое богатство, овој филантроп чие богатство во моментов се проценува на 1,5 милиони долари, досега донирал 5,3 милијарди долари во хумаитарни цели. Неговата фондација поддржува образование, наука, здравство, и граѓански права во неколку земји, меѓу кои се САД, Виетнам и Бермуди.

4. Азим Премџи
Азим Премџи е индијски бизнис тајкун, инвеститор и филантроп. Тој е претседавач со Вајпро лимитед, ИТ консултантска компанија. Тој е првиот индиец потписник на Заветот за давање. „Силно верувам дека ние, кои сме привилегирани да имаме големо богатство, треба силно да се обидеме и да создадеме подобар свет за милиони луѓе кои се помалку привилегирани“, рече тој еднаш. Досега, тој донирал осум милијарди долари од своето богатство.

3. Џорџ Сорос
Инјвеститорот кој е по потекло унгарец, автор и филантроп е претседател на Сорос фанд менаџмент. Позат е по прекарот „човекот кој ја клекна Банката на Англија“ затоа што набрзина продаде британски фунти во вредност од 10 милијарди долари и направи профит од една милијарда долари. Тоа се случи за време на „Црната среда“ во 1992 година за време на кризата со британската валута. Тој донирал осум милијарди долари во добротворни цели за развој на заедници, за социјални услуги, здравство, и во сектори во образованието.

2. Ворен Бафет
Претседавачот и Главниот извршен директор на Кершир хетавеј, Ворен Бафет е еден од најбогатите и најдарежливи луѓе во светот. До денес тој донирал 21,5 милијарди долари. Во 2006 година, тој ветил дека ќе донира 85 проценти од своето богатство во Фондацијата Бил енд Мелинда Гејтс, и во други фондации кои биле основани од членови на неговото семејство.

1. Бил Гејтс
Досега во својот живот, Бил Гејтс направил донации вредни 27 милијарди долари. Поголемиот дел од неговите филантропски проекти ги финансирал преку Фондацијата Бил енд Мелинда Гејтс. Гејтс е со-основач на Мајкрософт, која стана најголемата светска компанија за софтвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top