Овие три прста со кои се крстам и кога јас ќе кажам “господи помогни” исто е и кај оној што има и кај оној што нема пари. Тогаш зошто нас сиромашните свештеникот поинаку не гледа од оние кои имаат, вели Мирјана Ерцеговчевиќ од Дубаљ покрај Шабац за “Блиц”.
Таа тврди дека локалниот парох Урош Живковиќ ја прескокнал нивната куќа кога осветувал вода за Велигден и тоа само затоа што немаат да му платат. Свештеникот Живковиќ ги отфрла обвинувањата, но потврдува дека тоа семејство му должи пари за услуги.
Живковиќ тврди дека семејството Ерцеговчевиќ му должи околу пет-шест илјади динари за изминатите неколку години.
-Не можам да работам за џабе и не сум должен тоа да го правам. Тука има семејства на кои не им наплатувам, кои навистина се во тешка материјална состојба. На стари, немоќни и болни не им наплатувам, а Мирјана и Зоран се млади и здрави и можат да заработат, вели свештеникот.
-Ние немаме пари, работиме како надничари и тоа што таму ќе заработиме ни е се. Точно е дека во последните две години не сме му платиле на свештеникот кога ќе дојде да освети вода за слава и Велигден, вели Мирјана која живее со нејзиниот брат Зоран.
Таа вели дека била непријатно изненадена и повредена кога за Велигден свештеникот не ја посетил нивната куќа.
-Свештеникот не дојде да ни освети вода за Велигден. Зошто само нашата куќа да ја прескокне? Кога пред неколку дена дојде да ни освети вода за нашата слава Ѓурѓовден, го прашав, а тој ми рече: “До кога да ви работам за џабе?”. Му кажав дека не сум знаела оти верата се наплаќа, а тој дрско ми одговори дека се наплаќа, раскажува Мирјана.
Иако тешко живеат братот и сестрата не бараат помош од никого.
-Не барам помош, но зарем е можно толку малку разбирање за нас да нема еден свештеник? Свесна сум за мојата ситуација, но боли кога другите поради тоа ве понижуваат, додава таа.
Свештеникот Урош Живковиќ ги отфрла овие обвинувања и додава дека не е должен да работи беспари.
-Не е точно дека не сум бил да им осветам вода за Велигден. Трипати бев и не ги најдов дома. Појдов кај нив и пред славата, а Мирјата ја отвори таа приказна кога го завршив обредот на осветување, вели Живковиќ и додава дека ова семејство “и не се некои верници”.
-Никогаш не сум ги видел в црква. Додека некој не оди на литургија, не пости, не се причестува не можам да го прифатам како верник, вели тој.
Свештеникот додава дека поповите иако немаат плата мораат да плаќаат пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Очекува Мирјана и Зоран да си ги платат долговите, но не нему туку како доброволен прилог за црквата. Дури тогаш, вели тој, ќе појде да им освети вода.
Живковиќ вели дека и владиката шабачки Лаврентие им рекол на свештениците да не одат кај оние кои не им плаќаат. Цената за осветување вода за слава е 1500 динари, а за Велигден 500 динари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Три хороскопски знаци кои кога-тогаш ќе станат богати!
-
Како се бранеше попот: Јас сум курир, не сум дилер!
-
Молитва на свештеник ја згрози Англија: Принцот Џорџ да пронајде љубов во фин и млад господин
-
Скандалозен случај во Хрватска: Свештеник праќал непристојни фотографии и ги повикувал верничките на секс