| четврток, 6 декември 2018 |

Перин тргна да се тепа со Несторовски, доби црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Џенова беа во шок по фуриозниот финиш на Палермо откако сицилијанците по негативата од 3-1 за неполни 20 минути постигнаа три гола и направија целосен пресврт.

Ваквиот развој на настаните најтешко му падна на голманот Матија Перин, кој реши бесот да го истури врз нашиот напаѓач Илија Несторовски. Македонецот стоеше поблизу од предвидените девет метри за да му попречи на Перин при изведувањето на слободниот удар, по што голманот на Џенова „полуде“ и тргна дирекно на македонскиот интернационалец, удирајќи го додека топката се уште не беше во игра.

Веднаш следеше апсолутно заслужен црвен картон, а експресно реагираа и останатите фудбалери на двата тима, кои спречија посериозен инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top