Македонска акција го комплетираше неверојатниот пресврт на тимот на Палермо кој успеа на гостински терен да ја совлада Џенова со 3-4. Откако домакините поведоа со 3-1 во второто полувреме, се чинеше дека мечот лесно ќе го завршат со победа.
Но екипата на Палермо каде настапуваат нашите двајца интернационалци, Илија Несторовски и Александар Трајковски не мислеше да се предаде. Откако со головите на Голданига и Рисполи израмнија на 3-3, во 90. минута од натпреварот творци на победата беа токму македонските фудбалери, кога Несторовски му асистираше на Трајковски за четвртиот гол на Палермо кој им донесе важна победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)