| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникар – херој: Со вештачко дишење оживеа мртво кутре (Видео)

Косташ Мугурел e романски пожарникар кој херојски спаси едно кутре од сигурна смрт. Toj бил првиот кој се одзвал на повикот на 51-годишниот човек чиј дом изгорел во пожар. Човекот бил однесен во болница, но неговото кутре безживотно лежело на тротоарот.

Овој прекрасен човек му покажа на светот дека не постои разлика кога се работи за нечиј живот, и врз кутрето изведе зафати кои се задолжителни при секое пружање на прва помош – му ги масираше градите, му стави маска со кислород, па дури и му даваше воздух уста на уста! Иако е тешко да се забележи на снимката, кога стигна до делот кога му беше ставена маската со кислород, кутрето веќе беше живо.

Скромниот пожарникар кратко изјави дека само си ја вршел работата, и дека пожарникарите никого не оставаат на цедило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top