| четврток, 6 декември 2018 |

Сити со пресврт го порази Арсенал, Тотенхем се провлече покрај Барнли (видео)

Манчестер Сити со пресврт во второто полувреме стигна до радост во дербито против Арсенал кој претрпе пораз од 2-1. Со овие три бода Сити се искачи на второто место на табелата пред Ливерпул, но со седум бода зад лидерот Челзи во англиската Премиер лига.

Тео Волкот донесе предност на Арсенал по само 10 минут игра. „Топчиите“ имаа водство се до почетокот на второто полувреме. Сане израмни на 1-1 во 47 минута, а целосниот пресврт беше во „режија“ на Стерлинг кој биеше прецизно во 71 минута.

Тотенхем на домашен терен се многу мака успеа да го совлада аутсајдерот Барнли кој поведе на средина на првото полувреме. Резултатот го израмни Деле Али 5 минути подоцна, за победата на тимот на Покетино да му ја донесе Роуз во 70. та минута од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top