| четврток, 6 декември 2018 |

Голеада на „Сан Паоло“, Мертенс со четири гола го потопи Торино (видео)

Во попладневниот термин од 15 часот во Серија А лигата се одиграа четири натревари. На три славеа домаќините, додека единствениот триумф на гостите го одведе Болоња кај Пескара.

napoli

Најефикасен натпревар беше оној на „Сан Паоло“ каде домашниот Наполи славеше со 5-3 над Торино. Избраниците на Сари буквално денешниот натревар го решија за само 9 минути, а јунак беше Мертенс. Белгиецот најпрво во 13. минута го отвори резултатот, а во 18. (од пенал) и 22. минута го заокруѓи својот хет-трик за сигурни 3-0. До крајот на полувремето Мертенс имаше уште една шанса, се закани и Инсиње но на одмор се замина со 3-0.

По паузата избраниците на Михајловиќ многу подобро изгледаа на теренот, а како резултат на таквата игра стигна и голот за 3-1, кој во 58. минута го постигна Белоти. Во 70. минута Чирикеш повторно донесе убедливи 4-1, а Росетини во 76. минута по грешката на Реина намали на 4-2. Мертенс во 80. минут го постигна и четвртиот негов гол, а конечните 5-3 ги постави Фалке од пенал во 86. минута. Со овие три бода Наполи се искачи на третото место на табелата и има само бод за Рома.

Фудбалерите на Киево на домашен терен славеа победа против Сампдорија со 2-1. Домаќините сите дилеми околу победникот ги решија во првиот дел. Резултатот го отвори Мегиорини во 9. минута, а на 2-0 пред одморот, во 42. минута зголеми Пелисие. Во вториот дел гостите од Џенова доминираја, а почесниот погодок го постигна Шик во 94. минута.

Удинезе на домашен терен славеше победа против Кротоне со 2-0, а честа на гостите ја спаси Болоња, која на гостински терен ја совлада Пескара со 0-3. Тимот на Пескара од 16. минута играше со играч помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top