Реал Мадрид ја потврди фаворитската улога и стигна до светската клупска титула откако во финалето на ФИФА Светскиот куп во Јокохама славеше против шампионот на Јапонија, Кашима Антлерс дури по продолженијата со 4-2 (1-1, 2-2).
Кој друг ако не, Кристијано Роналдо со три погодоци ги однесе „кралевите“ до светската круна, и покрај тоа што Реал до 60. минута имаше и негатива од 1-2.
А, мадриѓаните поведоа уште во 9. минута со голот на Бензема, но Шибасаки израмни во 44. минута, за да Кашима повторно со голот на Шибасаки дојде до предност од 1-2 во 52. минута.
И тогаш на сцена стапува Роналдо, кој најпрво во 60. минута од пенал донесе израмнување на 2-2, па откако со тој резултат заврши регуларниот дел, во продолженијата Роналдо со уште два гола во 98. и во 104. минута донесе светска клупска титула за Реал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)