Еден од најперспективните одбојкарски тренери и најдобри играчи во историјата, Србинот Никола Грбиќ е именуван за нов тренер на италијанскиот прволигаш Верона. По серијата на неуспеси клубот му врачи отказ на селекторот на Словенија, прославениот Италијанец Андреa Џани и го именува Грбиќ, кој веќе во вторник од САД каде што е на работен семинар, ќе отпатува во Верона.
Договорот со српскиот одбојкарски сојуз на Грбиќ му истече на почетокот од декември оваа година, но постои расположение од двете страни да дојде до нов договор за соработката во периодот од следните две години. Сепак, прашање е дали српските челнци ќе прифатат селектор кој работи и во клуб или ќе бараат професионалец.
Со Никола Грбиќ на клупата Србија ја освои Светската лига во Краков, но не се квалификува на Олимписките игри во Рио Дев Жанеиро, а не беше и во борбата за медалите на Европското првенство во Бугарија и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.