Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот од сезоната и ќе ја продолжи својата кариера во МЛС – лигата на САД, каде за него постои сериозен интерес од тимот на ЛА галакси. Иако менаџерот Жозе Мурињо најави дека е задоволен од неговите настапи и ќе му понуди можност за соработка и за следната сезона, сепак, се шпекулира дека Ибракадaбра не е задоволен од она што може да му го понуди тимот од „Олд трафорд, но не на финансиски план, туку како можност за освојување на трофеи.
Ибрахимовиќ е навикнат да освојува трофеи во својата кариера, а сега првпат се соочува со сезона во која неговиот тим е сепак далеку од трката за шампионската титула. Токму затоа и се претпоставува дека ќе сака да си замине по само една година во Премиер – лигата. Од друга страна, и неговата сопруга смета дека животот во Лос Анџелес би бил многу пригоден за семејството, отколку во здодевниот Манчестер.
Ибрахимовиќ вчера беше стрелец на двата гола за „црвените ѓаволи“ во триумфот на гости против ВБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.