Расел Вестбрук продолжува да ја изненадува кошаркарската јавност.
Изминатава ноќ Оклахома славеше против Феникс со 114-101, а Вестбрук стигна до 13-от „трипл-дабл“ сезонава. Но, и до еден голем подвиг, нанижувајќи 22 асистенции со што постави нов рекорд во НБА.
На своето конто Вестбрук имаше уште и 26 поени и 11 скока. Добра партија во победничкиот тим имаше и Стивен Адамс, со 19 поени и седум скока, а со 31 поен, Девин Букер беше далеку најдобар играч во поразениот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.