Арктички бран го зафати северниот дел од САД, со многу ниски температуру во Монтана и во Северна Дакота и обилен снег во другите делови на земјата.
Снегот и мразот предизвикаа хаос на патиштата и стотици сообраќајни несреќи. Поради поледицата загинаа најмалку шест лица.
Најтешка сообраќајна несреќа беше верижниот судир во близина на Балтимор, при што загинаа две лица, а 15 се повредени.
– Жителите на Северна Дакота се соочуваат со студ што би можел да ги загрози животите – соопшти Националната метеоролошка служба.
Во Монтана луѓето беа предупредени да се заштитат од хипотермија, додека вчера е измерена рекордно ниска температура од минус 34 степени Целзиусови.
Меторолозите истакнуваат дека арктичкиот бран од Канада ги зафати американските сојузни држави во северниот дел и во средниот запад.
Висконсин, Индијана, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн се погодени од снежни бури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.