Со двата гола на Златан Ибрахимовиќ, екипата на Мачестер Јунајтед вечерва оствари победа на гостувањето кај ВБА со 2:0 во натпревар од 17. коло од Премиер лигата. Ибрахимовиќ головите ги постигна во 5. и во 56. минута. Ова е трета победа во низа за „црвените ѓаволи“ со што фаќаат приклучок со екипите од врвот на табелата. Лидерот на табелата Челзи денеска ја постигна 11. победа во серија и го обезбеди првото место на полусезоната.
Резултати на натпреварите од 17. коло: Кристал Палас – Челзи 0:1, Мидлсброу – Свонси 3:0, Стоук – Лестер 2:2, Сандерленд – Вотфорд 1:0, Вест Хем – Хал 1:0 и ВБА – Манчестер Јунајтед 0:2.
Утре се играат три натпревари: Бурнемут – Саутемптон, Манчестер Сити – Арсенал и Тотенхем – Барнли. Колото ќе биде комплетирано во понеделник со градското дерби на Ливерпул (Евертон – Ливерпул).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.