| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа се реши: „Паметен Часовник“ кој се полни од телесната топлина (видео)

За разлика од мобилните телефони, паметниот часовник е погоден за носење, не бара многу напор, но сепак некои луѓе може да заборават да го наполнат целосно. Решението за овој проблем го нуди индустријата Матрикс која го создала „PowerWatch“, уред кој добива енергија од топлината на телото. Тие објаснуваат: „За разлика од денешните паметни часовници кои треба да ги полните на секој ден или два, ‘PowerWatch’ не треба никогаш да го отстраните од вашиот зглоб за да го полните.“

Тој служи за голем број цели, како што е следењето на согорените калории, нивото на активност, како и спиењето. Може да биде безжично синхронизиран со вашиот телефон преку апликации. Тој е водоотпорен и исклучително издржлив.

Тимот го создал овој часовник како начин за да ја тестира технологијата за термоелектричен извор на енергија. Со неколку зборови, термоелектричниот генератор е уред кој ја претвора топлината во енергија.

ultrasaatСо цел да го стори тоа, генераторот мора да одржува две температури: висока топлина и ниска топлина. Поради оваа причина, овој часовник е одличен: страната што е во допир со вашата кожа останува топла, додека неговата површина останува поладна.

Оваа навидум едноставна разлика во температурата е онаа што му дава сила на часовникот. Кога не е на вашиот зглоб и со тоа не создава енергија, часовникот е привремено исклучен. Поради внатрешната батерија, датумот и времето нема да бидат погодени и сѐ ќе биде онака како што сте го оставиле.

Несомнено е дека ова е часовникот на иднината, а компанијата очекува тој да биде достапен за испорачување во јули наредната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top