| четврток, 6 декември 2018 |

„Премиер“ оди на одмор

Со одигрувањето на 38 коло од Премиер-лигата заврши највозбудливото фудбалско првенство во Европа.

Најефикасен натпревар беше оној меѓу екипите на Вест Бромвич Албион и новиот шампион Манчестер Јунајтед каде беа постигнати дури 10 погодоци и тоа по 5 на двете страни.

Сепак борбата во ова коло се одвиваше на три меча и тоа во борбата за излез во Европа. Челси го победи Евертон со 2-1 и со тоа ја осигура третата позиција која води директно во Лигата на Шампионите, а Арсенал на гостувањето го победи Њукасл со 0-1 и со тоа обезбеди квалификации во најелитното фудбалско натпреварвање во Европа.

Тотенхем и со минималната победа од 1-0 на домашен терен против екипата на Сандерленд сепак не обезбеди учество во најсилното натпреварување и ќе мора да се задоволи само со учество во Лигата на Европа.

Нов шампион е екипата на Манчестер Јунајтед од која се простува нивниот долгогодишен тренер сер Алекс Фергусон.

Уште една легенда се прости од фудбалот по ова 38 коло. Тоа е извонредниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер. Неговите соиграчи го испратија во фудбалска пензија со победа од 1-0 против екипата на КПР.

Од лигата испаѓаат тимовите на Виган, Ридинг и КПР.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top