| четврток, 6 декември 2018 |

Бугаринот Светослав Стојков е најомразениот човек во Берлин

Полицијата го идентификувала мажот кој во подземната железничка во Берлин турнал жена по скали, но постои сомнение дека тој во меѓувреме побегнал во родната Бугарија. Германските медиуми пишуваат дека станува збор за 26-годишниот Светослав Стојков, а бугарската телевизија „ТВ Нова“ потврдила дека споменатото момче има големо криминално досие и во својата татковина.

За него се знае дека се родил во градот Добрич на северот на Бугарија, а моментално живее во Варна на брегот на Црното море.

svetoslav-stojanov-najomrazen-berlin-01

– Не знаеме ништо за инцидентот и не сме ја виделе снимката – рекла Ибријан, мајката на сопругата на Светослав.

Додека Стојков и неговата сопруга Цветанка биле во Германија, таа во нивниот дом ги чувала нивните три деца.

Германските медиуми пренесуваат дека властите од Бугарија ќе бараат екстрадиција на Светослав.

Информациите за неговиот идентитет во полицијата ги дал еден од четворицата мажи, а сите се бугарски националисти, и го испланирале бруталниот напад. Тој бил ослободен од притвор откако платил кауција.

Бандата прво ја следела жртвата, а потоа Стојков од чиста мира ја удрил со нога во грб. Жената паднала по скалите. Случајните минувачи веднаш притрчале во помош, а напаѓачите побегнале.

Откако снимката од нападот се проширила на интернет, дури и Михаел Кир, поранешен телохранител на Шарлиз Терон и Лејди Гага понудил парична награда од 2.000 евра за било каква информација за напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top