| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордот е срушен, Хјустон постигна неверојатни 24 тројки на еден натпревар (видео)

harden

Кошаркарите на Хјустон не успеаја пред некоја вечер, но синоќа успеаја да соборат рекорд по бројот на уфрлени тројки во НБА лигата.

Рокитси погодија дури 24 шута за три поени во победата над Њу Орлеанс од 122-100 и на тој начин го надминаа сопствениот ефект од 2013 година против Голден стејт.

За таквиот подвиг им беше потребен 61 обид, а се зачини феноменалниот Џејмс Харден кој запиша нов трипл-дабл и со златни букви се запиша во историјата на клубот. Харден го престигна Хаким Олајџувон по бројот на трипл-дабл ефект. Постигна 29 поени, со 11 скока и 13 асистенции.

„Хаким е најдобар играч на Хјустон на сите времиња, еден од најдобрите кои воопшто играле кошарка. Затоа ова е чест, им благодарам на соиграчите и тренерите кои ми помогнаа“ – рече Харден.

Ерик Гордон постигна седум тројки и мечот го заврши со 29 поени, Тревор Ариза постигна пет тројки, вкупно 20 поени. Хјустон оваа сезона има скор од 20-7, и се наоѓа на четвртото место од Западната конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top