Англискиот репрезентативец Дани Велбек е на добар пат да се врати во составот на Арсенал, откако паузира од самиот старт на сезоната. Тој го повреди менискусот на коленото во мај, и паузираше долг период, а менаџерот Арсен Венгер најави дека тој полека почнува да тренира и со полн интензитет.
– Дани Велбек е на само една седмица од тренинг со полн интензитет. Ќе му биде потребно некое време за да биде стопроцентно подготвен бидејќи имаше голема пауза, но ние се радуваме што повторно ќе го имаме на располагање – изјави Венгер.
Арсенал утре му гостува на Манчестер сити во дерби дуелот од ова коло во Премиер – лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.