Рутинска победа на лидерот на табелата Вардар над екипата на Напредок со 4-0 во 31 коло од македонскиот фудбалски шампионат. Со новите три бода на 2 кола до крајот Вардар има 4 бодови предност благодарејќи на екипата на Металруг која победи на гостувањето во Турново во дерби дуелот од ова коло и со тоа ги сведе на минимум шансите на домаќините за освојување на титулата.
Вардар веќе во следното коло може да ја прослави титулата ако извојува победа на гостински терен кај Металург.
Работнички го победи Силекс и со тоа и математички ги избриша сите надежи на кратовчани за опстанок во лигата.
Освен Силекс и екипата на Тетекс се сели во понизок ранг по поразот од Дрита во Боговиње.
Резултати од 31 коло: Вардар – Напредок 4-0, Турново – Металург 2-4, Работнички – Силекс 3-2, Пелистер – Ренова 1-0, Дрита – Тетекс 2-0, Брегалница – Шкендија 4-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“