Додека брачна двојка во Сао Паоло, Бразил, жестоко се расправа на тераса пред очите на десетици минувачи, љубовникот на жената ја искористи шансата и се обиде да избега низ прозор.
Швалерот направил и јаже од чаршав со чија помош се обиде да се спушти на земја додека сопружниците се расправаат. Сепак, идејата не му беше до крај разработена, па остана да виси на вториот кат од зградата. На помош мораше да пристигнат и пожарникари кои надуваа душек. Откако безбедно се приземји, љубовџијата се прошета по гаќи низ толпата народ кои му свиреа во текот на целата драма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


