Пари Сен Жермен не е така супериорен во Франција оваа сезона, како што беше случај во минатото првенство, па тренерот Унаи Емери сака да го засили својот тим веќе во зимскиот преоден рок. Се споменуваат многу фудбалери како можни засилувања во нападот, но Емери сака да пронајде соодветен наследник и за Давид Луиз, централниот дефанзивец кој се врати во редовите на Челси. Иако Маркињос, Тијаго Силва и Кимпембе се одлични одбранбени фудбалери, раководството на ПСЖ му „фрли око“ на Родриго Кајо, 23-годишниот бразилски репрезентативец и член на Сао Паоло.
Според информациите од Франција, Родриго Кајо не би имал ништо против да пристигне на „Паркот на принцовите“ и да отпочне кариера во Европа, а „светците“ се подготвени да платат 13 милиони евра за овој трансфер. Тој имаше обид да се пресели во Валенсија, но падна на медицинските тестови. Ова би бил негов нов обид да пристигне на европско тло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.