| четврток, 6 декември 2018 |

За последниот приговор ДИК ќе одлучува утре

Членовите на Државната изборна комисија ја прекинаа денешната седница и одлуката по последниот приговор, поднесен од пратеничката група на СДСМ, ќе одлучува утре. Почетокот на седницата е закажан за 10:00 часот. ДИК треба да се произнесе и дали ќе се повтори гласањето на избирачкото место 0396/1, во Гостивар, изборна единица 2.

Одлуката ќе се донесе врз основа на статистичките податоци кои треба да покажат дали тие гласови би можеле да влијаат на изборниот резултат. Ако бројките покажат дека износот на гласови би можел да го смени резултатот ДИК ќе донесе одлука за прегласување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top