| четврток, 6 декември 2018 |

И испадна бебето на шини, па го спаси неколку секунди пред да налета воз (видео)

14 месечно бебе заедно со количка падна на шините на железничка станица во Филаделфија благодарение на неговата невнимателна мајка, која потоа успеа да го извлече од сигурна смрт неколку секунди пред да наиде воз.

На видеото од безбедносната камера се гледа како жена со бебешка количка стои на платформа на железничка станица. Одеднаш количката се придвижи и падна на шините најверојатно затоа што мајката не ја подигнала кочницата на тркалата.

Жената веднаш изреагирала и го кренала бебето, а друга жена која била на станицата го притиснала копчето за итна ситуација и повикала помош. Возот бил оддалечен една станица од местото. Да не била реакцијата на жената, мајката ќе имала само неколку секунди да се извлече од шините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top