| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во ДИК му ја задоволи желбата на Заев за фалсификување на волјата на граѓаните (ВИДЕО)

Мнозинството во ДИК му ја задоволи желбата на Заев запролонгирање на кризата и што е уште поопасно за пролонгирање на кризата преку обид за постизборен инженеринг. Преку обид за постизборен инженеринг да се фалсификува волјата на гласачите и волјата на мнозинството. Мнозинството во ДИК одлучи да не верува на јавно дадените искази на сите членови на изборната комисија, кои јавно пред целата македонска јавност изјавија дека ја виделе и констатирале дека Фатиме Сулејмани го искористила своето право на глас и не ` дозволиле тоа да го стори уште еднаш.

Оваа одлука којашто ја донесе мнозинството на ДИК е скандалозна и нема никаква врска со правото ни со правдата. Оваа одлука на мнозинството на ДИК само му помага на Зоран Заев да го исполни својот план за постизборен инженеринг и за фалсификување на волјата на граѓаните, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров на прес-конференцијата што се одржа по прифаќањето на приговорот на Беса.

Тој се осврна на уште еден приговор по којшто треба да одлучува ДИК.

Ова е исто така уште еден скандалозен приговор поднесен од СДСМ. Станува збор за ИМ 2011 во Теарце. Најпрво нè убедуваа дека станувало збор за т.н. бугарски воз. На крајот целата јавност виде дека нема ништо од тоа. Сите се уверија дека нема ништо од бугарски воз. Сепак има можност мнозинството на ДИК да му удоволи на Заев за пролонгирање на кризата и обид за постизборен инженериг.

Се провлекува дека на тоа избирачко место иако не е основан приговото на СДСМ, сепак била нарушена тајноста на гласањето на тоа избирачко место.

Ова воопшто не е точно. Има повеќе избирачки места во Македонија, преку 20, на кои гласал само еден гласач.

Јас ќе се осврнам на само едно тоа е избирачкото место 0640 во Демир Хисар во петата избирачка единица. На ова гласачко место гласал само еден граѓанин. тој еден граѓанин гласал за СДСМ. Целата изборна комисија и сите набљудувачи знаат кој е тој граѓанин, затоа што само еден граѓанин гласал и тој еден граѓанин гласал за СДСМ. Ова е јавен податок и е објавен на официјалната страна на ДИК.

Дали ова значи дека и овдека на ова избирачко место 0640 во Демир Хисар е нарушено тајноста на гласањето? Не. Одговорот е не. Затоа што на овој начин не се нарушува тајноста на гласањето, исто како и во случај кога некој член на избирачкиот одбор помага на некој гласач на кој што му е потребна помош при гласање да гласа. Заради ова избирачките одбори или членовите на избирачките одбори имаат потпишано изјава за чување на тајност на податоци. Тие се должни овие информации кои што ќе ги дознаат кои што се поврзани со гласањето да не ги соопштат на никој. Затоа апелираме до мнозинството на ДИК да не подлегнува под било какви барања на било кого особено не на Заев и на неговите желби за пролонгирање на кризата и за постизборен инжињеринг.

nikola-todorov

ДИК не смее да биде соучесник во обидот на Заев да направи пост изборен инжињеринг во Република Македонија и да ја фалсификува волјата на граѓаните. Ако мнозинството на ДИК одлучи да биде соучесник во постизборниот инжинеринг преку носење на скандалозни и против законски одлуки за тоа мора да има одговорност. Апелирам до ДИК да работи по закон да ги стави на страна сите други нивни политички ставови и било какви убедувања единствено што треба да прави ДИК е да работи по закон а не по налог на било кого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top