| четврток, 6 декември 2018 |

Земјата која денес остана без кеш

Најавеното повлекување на банкнотата од 100 боливари (номинална вредност 9,6 евра) предизвика хаос во Венецуела поради недостаток на готовина. Венецуела практично стана земја без готовина, зашто банкнотата од 100 боливари престана да важи, а банкнотите со поголема деноминација кои требаше да ја заменат се уште не се диструбиурани во банките.

Во Каракас луѓето се ослонуваат на банкоматите и на трансфер на пари преку банките, или целосно избегнуваат да остваруваат трансакции. Но, во другите градови на Венецуела нема многу банкомати, па луѓето немаат избор.

Николас Мадуро во неделата ненадејно најави дека банкнотата од 100 боливари излегува од оптек до крајот на неделата, а неговата земја ја бележи најголемата инфлација на светот.

Тој привремено ја затвори границата со Колумбија и Бразил за да се спречи мафијата која натрупува боливари и ги обвини шпекулантите и гангстерите што инфлацијата во неговата земја достигна 500 отсто.

Критичарите ја исменваа помислата дека гангстерите би го чувале своето богатство во валута која најбрзо девалвира на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top